Historia jone

Me shume te qeshur, me shume fat

Нашата приказна започна во 2005 та год. кога е основана Дента лукс Радовиш. Континуирано следејќи ги светските трендови во стоматологијата, прераснавме во модерно уреден Стоматолошки центар во Источна Македонија и во 2011 та година основана е Дента лукс- специјалистичка ординација по ортодонција, која претставува наша примарна гранка. 2012 та година започнавме со работа со нашиот најсовремено опремен Стоматолошки рентген панорамикс кабинет. 2014 та година ја отворивме нашата нова локација во Скопје, која прерасна во модерен Стоматолошки центар комплетно уреден со најсовремени рентген апарати и најсовремена стоматолошка апаратура. Во Дента лукс Скопје можете да ги добиете комплетно сите стоматолошки услуги на едно место, а наша примарна гранка е ортодонцијата. 

Во Стоматолошките центри во Радовиш и Скопје работи високо стручен кадар кој континуирано се едуцира во земјава и странство.

Спец. Др. Ксенија Јанкова

-специјалист по ортодонција

и сопственик на стоматолошките центри во Скопје и Радовиш

Завршила средно медицинско училиште во МУЦ Др. Панче Караѓозов насока забен техничар 1995 год. , а потоа Стоматолошки факултет во Скопје 2001 год. Од 2002-2005 работи како доктор по општа стоматологија во Здравствен дом Радовиш и во одделот за детска и превентивна стоматологија. 

2005-та година ја основа ПЗУ ДЕНТА ЛУКС Радовиш. Започнува специјализација по орална хирургија, а потоа продолжува на специјализација по ортодонија и истовремено е и на магистерски студии, а во 2011 та година завршува специјализација по ортодонција на Стоматолошки факултет Скопје и ја основа Дента лукс-специјалистичка ординација по ортодонција.

2014 та година ја основа Дента лукс Скопје комплетно уредена по сите светски стандарди.

Континиирано се едуцира во земјава и ширум европските земји стекнувајќи се со огромно искуство од клиничката пракса и безброј иновативни и современи решенија. Присуствувала на безброј Европски и Светски Конгреси и се стекнала со безбројни Сертификати и Признанија.

Во 2016 та год. е Добитник на наградата-Најуспешна жена претприемач во Источен и Југоисточен регион.