Спец. Др. Ксенија Јанкова- специјалист по ортодонција и сопственик на стоматолошките центри во Скопје и Радовиш. Завршила средно медицинско училиште во МУЦ Др. Панче Караѓозов насока - забен техничар 1995 год. , а потоа Стоматолошки факултет во Скопје 2001 год. Од 2002-2005 работи како доктор по општа стоматологија во Здравствен дом Радовиш и во одделот за детска и превентивна стоматологија. 2005 та година ја основа ПЗУ ДЕНТА ЛУКС Радовиш. Започнува специјализација по орална хирургија, а потоа продолжува на специјализација по ортодонија и истовремено е и на магистерски студии, а во 2011 та година завршува специјализација по ортодонција на Стоматолошки факултет Скопје и ја основа Дента лукс-специјалистичка ординација по ортодонција. 2014-та година ја основа Дента лукс Скопје комплетно уредена по сите светски стандарди. Континиирано се едуцира во земјава и ширум европските земји стекнувајќи се со огромно искуство од клиничката пракса и безброј иновативни и современи решенија. Присуствувала на безброј Европски и Светски Конгреси и се стекнала со безбројни Сертификати и Признанија. Во 2016 та год. е Добитник на наградата-Најуспешна жена претприемач во Источен и Југоисточен регион.